Прославуваме 30 години одржливост, успех и иновативност

Оваа година одбележуваме 30 години од основањето на нашата компанија. Во изминатите три децении вредно работевме за да успееме да изградиме силна позиција на пазарот на една од најуспешните компании за увоз и дистрибуција на алкохолни и безалкохолни пијалоци, тутун, кафе, храна и непрехранбени производи, со широко распространета дистрибутивна мрежа од 90% oд територијата на целата држава.

Денес Гемак претставува синоним за успех и традиција во која се втемелени вредности на корпоративно управување, со силен тим од 120 вработени на вистински професионалци кои секојдневно придонесуваат кон успехот на компанијата.

Низ годините кои изминаа континуирано вложувавме во нови брендови и иновативни пристапи на оперативно работење, што придонесе за раст, развој и успех на нашата компанија.

Горди сме на овој јубилеј и ѝ понатаму ќе продолжиме да градиме стабилна и просперитетна компанија со силен социо-економски придонес во државата. Секако, нашата приказна немаше да биде успешна без нашите клиенти, конзументи и принципали кои не препознаваат како партнер од доверба и за тоа сме благодарни. Успехот ни припаѓа на сите.

Се надеваме на уште многу вакви јубилеи и уште многу успешни години пред нас.